Центрирањето на трап претставува усогласување на аглите на тркалата со цел тие да бидат нормални на подлогата (хоризонтала) а истовремено да бидат и меѓусебно паралелни. Целта на ова подесување е зголемувањето на животниот век на гумата , како и подобро држење на правец на автомобилот на рамен пат. Геометријата на тркалата меѓутоа може да биде понекогаш нарушена , што истовремено предизвикува и неправилно движење на тркалата и возилото. Како последица на тоа доаѓа до неправилно трошење на гумите , како и занесување на возилото во една насока за време на возењето. Ова воедно се и првите симптоми за неисправен трап. За корекција на оваа аномалија потребно е центрирање на предните тркала , а понекогаш и на сите четири , зависно од конкретната ситуација и типот на возилото . Со оглед на состојбата на нашите патишта ( дупки и нерамнини )како и лошите навики на возачите за преминување преко тротоари, потребно е периодично да се врши преглед на состојбата на трапот, со што се обезбедува сигурно возење и правилно трошење на гумите.
Препорака е оваа проверка да се врши еднаш годишно , на 10.000 км или при замена на старите гуми со нови .
Во нашиот сервис центрирањето се врши на најновиот уред за геометрија на Италијанскиот производител RAVAGLIOLI а цената на оваа услуга може да ја проверите во нашиот ценовник на услуги.
Центрирање | Проверка на трап | Центрирањепреден трап | Центрирање заден трап |
---|---|---|---|
Патнички возила | 200 ден | 1000 ден | 600 ден |
4X4 / SUV | 300 ден | 1200 ден | 600 ден |
Полутоварно лесно | 200 ден | 1000 ден | 600 ден |
Полутоварно тешко | 400 ден | 1600 ден | 1200 ден |