Loading
075 410 119
Кошничка0продукт(и)

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Не се„бламирај“: Зошто зимските гуми не треба да се возат на високи температури

Сонцето пече, тиркизно море, мек песок под нозете, а вие... во дебели зимски чизми. Звучи смешно, нели? Токму тоа му го правите на вашиот автомобил кога возите со зимски гуми среде лето. Еве зошто е време за промена:

1. Зимските гуми се „потат“ на асфалтот
Исто како што вашите стапала би „зовреле“ во чизми на 30 степени, така и смесата на зимските гуми станува премногу мека на топол асфалт. Тоа значи побрзо трошење и губење на својствата кои ве чуваат безбедни.

2. Сопирањето не е шега
Летната гума е дизајнирана да „загризе“ во жешкиот пат. Зимската гума на лето има многу подолг пат на сопирање, што може да биде клучната разлика во непредвидени ситуации во сообраќајот.

3. Заштедете за вистински одмор
Возењето зимски гуми летно време ја зголемува потрошувачката на гориво. Наместо да ги трошите парите на бензинската пумпа, заштедете ги за уште еден коктел на плажа!

Стави летни гуми и вози со стил!