Loading
075 410 119
Кошничка0продукт(и)

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Monthly Archives: February 2020

  • Анализа на германскиот TUV: Бриџстоун е лидер кај зимските пневматици

    Новата генерација на гумите „Bridgestone Blizzak LM005“ се случи во февруари 2019 година, токму во Червенија како еден од најпознатите зимски центри во Италија, лоциран на Алспкиот планински масив.

    Од тогаш наваму, бројни независни тестови направија споредби на различни гуми, особено во премиум сегментот каде што конкуренцијата е на глобално ниво, со брендови како „Good Year“, „Michelin“, „Continental“, „Pirelli“ и други. Како еден од најрелевантните се смета оној на германскиот институт TUV, кој за оваа намена користеше автомобил „Голф 7“, кој има зафатнина на моторот од 1,6 литри, додека пневматиците беа со димензија 195/65/R15.

    Два сегмента во кои новата шара и новата смеса употребена за изработка на „Bridgestone Blizzak LM005“ се покажаа пред конкуренцијата се токму во доменот на управливоста во зимски услови: сопирање и држење (контакт) на мокра подлога, како и сопирање во услови на снег и мраз.

    Имено, при намалување на брзината од 100 километри на час до нула на сува подлога, измерени се 44,1 метри со „Bridgestone Blizzak LM005“, додека по 0,7 метри задоцнуваат „Continental Wintercontact TS860“ и „Michelin Alpine 6“, додека разликата од другите е повеќе од цел метар.

    Слично на ова, но во сопирање на мокра подлога, при брзина од 20 километри на час, овие пневматици прават разлика од два метра до најблискиот конкурент. Во услови на латерален контакт со подлогата, типичен при свртување на мокра подлога, овие гуми се измерени со параметар 6,53 метри во секунда, а најблиските два конкурента имаат остапување од 3% до 4%.

    Целата гама на „Blizzak LM005“ е означена со ниво „А“ за контакт со подлогата во услови на дожд, временска состојба која се смета за најпроблематична на патиштата низ Европа, со што овие зимски гуми се први кои можат да се пофалат со оваа ознака, почнувајќи од величините со 14 инчи, а завршувајќи со оние од 22 инчи. Во моментов се произведуваат 116 различни комбинации на пневматиците, а дополнителни 40 ќе бидат вклучени во асортиманот од 2020 година. Во 24 изведби на најпродаваните димензии, ќе биде достапна и технологијата „Drive Guard Run Flat“, со што се гарантира најмалку 80 километри со дупната гума со брзина од 80 км/ч при дефект.

    Гумите на Бриџстоун ги поседуваат ознаките „М+Ѕ“, како и графичкатѕа ознака „Планински три врва“, со што ги задоволуваат барањата на европската легислатива како производи кои се наменети за сообраќај во зимски услови.

     

  • Новата година започнува со нова акција за Firestone и Dayton

    Продажно-сервисниот центар „Европа гуми“ ја започна 2020 година со објавување на нова акција наменета за дотрошување на залихите, при што објави попуст од 38 до 40 отсто на дел од понудата зимски пневматици.

    Станува збор за гумите од брендовите „Firestone“ и „Dayton“, кои се познати по своите квалитетни карактеристики и ниски цени, а количините се ограничени и се однесуваат само на актуелната залиха, до нејзино дотрошување.

    Во понудата на „Firestone“ издвоени се пневматици со димензии почнувајќи од 175/65/14 за 2.490 денари, па се до гумите наменети за високи перформанси со димензии 225/45/17 од 5.490 денари. Кај брендот „Dayton“ промовирани се три модели (185/65/14, 195/65/15 и 205/55/16) со цени што почнуваат од 2.290 денари.

    За сите други информации како што се цени за други врендови или други димензии, обратете се директно во „Европа гуми“, телефонски или преку другите контакт детали објавени на нивната ФБ страница.

     

     

     

     

2 Item(s)