Loading
075 410 119
Кошничка0продукт(и)

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Monthly Archives: August 2019

  • АПОЛО: Нов „зимски хит“ од Холандија во Европа гуми

    Врвниот производител на пневматици VREDESTEIN направи нов чекор во насока на популаризација на својот бренд и технологија, правејќи ја истата достапна преку марката APOLLO која од сега ќе биде достапна и во Европа.

    Станува збор за длабока поврзаност на двете компании, при што пневматиците на VREDESTEIN ќе бидат инспирација за сите нови модели, па така QUATRAC гумите ќе доведат до свои наследници во понудата на пневматици за сите сезони, SNOWTRAC ќе биде истото во сегментот на зимски гуми, додека SPORTRAC е лидерот меѓу летните гуми. Пневматиците APOLLO ќе се произведуваат во Холандија, во фабриката на VREDESTEIN, при што основна заложба на производителот ќе биде да се пренесат карактеристиките заради кои досега овие гуми победуваа на тестовите ширум Европа: економична потрошувачка, ниско ниво на бучава и одлични возни својства.

    Компанијата APOLLO постои од 1972 година и се смета за 17 производител на гуми во светот, со годишен промет од нецели две милијарди долари. Воедно, тие се дел од спонзорите на клубот Манчестер Јунајтед во 2016/2017 година.

    Кликнете на долниот банер за да се запознаете со асортиманот на APOLLO во продажната мрежа на Европа гуми.

  • Законот ги штити возачите кои имаат зимски пневматици !

    Често слушаме преку медиумите дека од 15 ноември до 15 март на сила е прописот за задолжително поседување на пропишана зимска опрема, па во овој текст решивме да ви дообјасниме што се според Законот за безбедоност на сообраќајот на патиштата (донесен на 30 септември 2015 година) е составен дел од оваа процедура.

    Една од најголемите дилеми е дали е потребно да имате ланци доколку поседувате зимски пневматици, поради што го цитираме и Правилникот за задолжителна опрема од 3 март 2010 година, каде што во член 11 се опишува зимската опрема. Оттука, зимските пневматици со длабочина на шарата подлабока од четири односно шест милиметри (зависно од масата на возилото) се доволни како зимска опрема во автомобилите, а ланци според овие правни акти се потребни само кај возилата кои користат летни гуми!Возачите кои не ги почитуваат насоките за користење на зимската опрема се соочуваат со глоба од 45 евра во денарска противвредност и 25 негативни бодови во возачката книшка.Член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (30.09.2015)(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.(2) Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на овој член.(3) Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.Член 11 од Правилнкот за задолжителна опрема во возилото од 03.03.2010(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и - прирачен алат – лопата.(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.Ви посакуваме безбедно возење во сите временски услови .

  • Ultrac Vorti во врвот на премиум класата при тестот на ADAC

    Пневматиците од серијата Ultrac Vorti на холанскиот производител Vredestein беа дел од големиот тест на германскиот авто-мото сојуз ADAC, во кој беа споредени гуми од 16 различни производители, сите со димензии 225/45/17 Y, а во конечниот пласман се најдоа во самиот врв.

    Само четири од сите 16 летни пневматици добија позитивни оцени ословени со „добри“, додека останатите имаат 11 „задоволително“ и една најслаба оцена „доволно“. На овој тест е нагласено дека се бараат балансирани пневматици, поточно производи кои покажуваат исклучителни резултати во сите области од тестот: управливост на суво, управливост на мокро, ниска бучавост, мала потрошувачка на гориво и ниско ниво на абење. Во случајот на Ultrac Vorti, нагласена е позитивната страна на сува подлога, но без ниту една слабост во другите категории.

    За овој тест е нагласено дека резултатите не важат за сите димензии, туку прифатливата разлика е во интервалот од 215/45/17 до 235/45/17 Y. Исто така, во тестот се користени стандардните пневматици, со напомена дека тие не содржат Run-flat опцијата и овие резултати не се применливи во таа категорија.

    Комплетните резултати на тестирањето можете да ги најдете на официјалната страна на ADAC.

  • homepage

    rytryrt

  • Sample Page

    This is an example page. It's different from a blog post because it will stay in one place and will show up in your site navigation (in most themes). Most people start with an About page that introduces them to potential site visitors. It might say something like this:

    Hi there! I'm a bike messenger by day, aspiring actor by night, and this is my website. I live in Los Angeles, have a great dog named Jack, and I like piña coladas. (And gettin' caught in the rain.)

    ...or something like this:

    The XYZ Doohickey Company was founded in 1971, and has been providing quality doohickeys to the public ever since. Located in Gotham City, XYZ employs over 2,000 people and does all kinds of awesome things for the Gotham community.

    As a new WordPress user, you should go to your dashboard to delete this page and create new pages for your content. Have fun!

5 Item(s)