Loading
075 410 119
Кошничка0продукт(и)

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Вести

  • Bridgestone Potenza Sport EVO освои прво место во тестот на Sport Auto за 2026 година

    Potenza Sport EVO постигна најмногу вкупно поени и беше единствениот модел кој ја доби највисоката оценка „извонредно“ со 9,2 поени во тестот кој се вршеше со автомобилот Mazda MX‑5 и димензија 205/45 R17.

    Гумата се истакнува со извонредна контрола на водени површини, добивајќи ја највисоката „A“ ознака. Според интерните тестови на Bridgestone, Potenza Sport EVO има до 5% пократка патека на кочење на мокро и до 2% пократка патека на застанување во суво, споредена со претходниот модел Potenza Sport.

    Покрај перформансите, новиот модел има подобрана издржливост и животен век, со до 15% повеќе извозени километри во однос на претходникот - односно околу дополнителни 6.000 км. Исто така, намалениот отпор на триење во споредба со Potenza Sport ја намалува потрошувачката на гориво и го зголемува досегот на електричните автомобили до 6%.

    Редакцијата на Sport Auto ја пофали Potenza Sport Evo како балансирана спортска летна гума, со прецизно управување и стабилно однесување во секоедневни услови со што претставува извонреден избор за возачи кои ги ценат брзината и безбедноста.

  • Нов модел во нашата понуда за комби возила: Apollo Altrust+

    Летниот модел Apollo Altrust+ е создаден како сериозна опција за комбиња и мали товарни возила кои изминуваат поголем број на километри во летни услови, особено на отворен пат.

    Altrust+ има поширока шара и помалку, но подлабоки канали. Ова овозможува поеднаков притисок врз патеката и подолг животен век, особено кога комбето е товарено. Моделот е оптимизиран за високи тежини со акцент на стабилно однесување на патот при брзини околу 110–120 км/час.

     

    Еден значаен дополнителен аспект на летниот модел е неговиот придонес кон помал отпор на абење и ефикасна потрошувачка на гориво при летни температури. Гумата е дизајнирана да се троши рамномерно да и го зголеми сервисниот век кај локалните превозници.

    Ако се гледа од страна на возачкото искуство, Altrust+ дава дополнително стабилно однесување при високи брзини, со добра одзивност на воланот и помалку вибрации при товарено возило.

    Целосната понуда може да ја разгледате ТУКА

  • Анализа на германскиот TUV: Бриџстоун е лидер кај зимските пневматици

    Новата генерација на гумите „Bridgestone Blizzak LM005“ се случи во февруари 2019 година, токму во Червенија како еден од најпознатите зимски центри во Италија, лоциран на Алспкиот планински масив.

    Од тогаш наваму, бројни независни тестови направија споредби на различни гуми, особено во премиум сегментот каде што конкуренцијата е на глобално ниво, со брендови како „Good Year“, „Michelin“, „Continental“, „Pirelli“ и други. Како еден од најрелевантните се смета оној на германскиот институт TUV, кој за оваа намена користеше автомобил „Голф 7“, кој има зафатнина на моторот од 1,6 литри, додека пневматиците беа со димензија 195/65/R15.

    Два сегмента во кои новата шара и новата смеса употребена за изработка на „Bridgestone Blizzak LM005“ се покажаа пред конкуренцијата се токму во доменот на управливоста во зимски услови: сопирање и држење (контакт) на мокра подлога, како и сопирање во услови на снег и мраз.

    Имено, при намалување на брзината од 100 километри на час до нула на сува подлога, измерени се 44,1 метри со „Bridgestone Blizzak LM005“, додека по 0,7 метри задоцнуваат „Continental Wintercontact TS860“ и „Michelin Alpine 6“, додека разликата од другите е повеќе од цел метар.

    Слично на ова, но во сопирање на мокра подлога, при брзина од 20 километри на час, овие пневматици прават разлика од два метра до најблискиот конкурент. Во услови на латерален контакт со подлогата, типичен при свртување на мокра подлога, овие гуми се измерени со параметар 6,53 метри во секунда, а најблиските два конкурента имаат остапување од 3% до 4%.

    Целата гама на „Blizzak LM005“ е означена со ниво „А“ за контакт со подлогата во услови на дожд, временска состојба која се смета за најпроблематична на патиштата низ Европа, со што овие зимски гуми се први кои можат да се пофалат со оваа ознака, почнувајќи од величините со 14 инчи, а завршувајќи со оние од 22 инчи. Во моментов се произведуваат 116 различни комбинации на пневматиците, а дополнителни 40 ќе бидат вклучени во асортиманот од 2020 година. Во 24 изведби на најпродаваните димензии, ќе биде достапна и технологијата „Drive Guard Run Flat“, со што се гарантира најмалку 80 километри со дупната гума со брзина од 80 км/ч при дефект.

    Гумите на Бриџстоун ги поседуваат ознаките „М+Ѕ“, како и графичкатѕа ознака „Планински три врва“, со што ги задоволуваат барањата на европската легислатива како производи кои се наменети за сообраќај во зимски услови.

  • APOLLO: Нов „зимски хит“ од Холандија во Европа гуми

    Врвниот производител на пневматици VREDESTEIN направи нов чекор во насока на популаризација на својот бренд и технологија, правејќи ја истата достапна преку марката APOLLO која од сега ќе биде достапна и во Европа.

    Станува збор за длабока поврзаност на двете компании, при што пневматиците на VREDESTEIN ќе бидат инспирација за сите нови модели, па така QUATRAC гумите ќе доведат до свои наследници во понудата на пневматици за сите сезони, SNOWTRAC ќе биде истото во сегментот на зимски гуми, додека SPORTRAC е лидерот меѓу летните гуми. Пневматиците APOLLO ќе се произведуваат во Холандија, во фабриката на VREDESTEIN, при што основна заложба на производителот ќе биде да се пренесат карактеристиките заради кои досега овие гуми победуваа на тестовите ширум Европа: економична потрошувачка, ниско ниво на бучава и одлични возни својства.

    Компанијата APOLLO постои од 1972 година и се смета за 17 производител на гуми во светот, со годишен промет од нецели две милијарди долари. Воедно, тие се дел од спонзорите на клубот Манчестер Јунајтед во 2016/2017 година.

  • Законот ги штити возачите кои користат зимски гуми!

    Често слушаме преку медиумите дека од 15 ноември до 15 март на сила е прописот за задолжително поседување на пропишана зимска опрема, па во овој текст решивме да ви дообјасниме што се според Законот за безбедоност на сообраќајот на патиштата (донесен на 30 септември 2015 година) е составен дел од оваа процедура.

    Една од најголемите дилеми е дали е потребно да имате ланци доколку поседувате зимски пневматици, поради што го цитираме и Правилникот за задолжителна опрема од 3 март 2010 година, каде што во член 11 се опишува зимската опрема. Оттука, зимските пневматици со длабочина на шарата подлабока од четири односно шест милиметри (зависно од масата на возилото) се доволни како зимска опрема во автомобилите, а ланци според овие правни акти се потребни само кај возилата кои користат летни гуми! Возачите кои не ги почитуваат насоките за користење на зимската опрема се соочуваат со глоба од 45 евра во денарска противвредност и 25 негативни бодови во возачката книшка.Член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (30.09.2015)(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.(2) Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на овој член.(3) Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.Член 11 од Правилнкот за задолжителна опрема во возилото од 03.03.2010(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и - прирачен алат – лопата.(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.Ви посакуваме безбедно возење во сите временски услови.

  • Ultrac Vorti во врвот на премиум класата при тестот на ADAC

    Пневматиците од серијата Ultrac Vorti на холанскиот производител Vredestein беа дел од големиот тест на германскиот авто-мото сојуз ADAC, во кој беа споредени гуми од 16 различни производители, сите со димензии 225/45/17 Y, а во конечниот пласман се најдоа во самиот врв.

    Само четири од сите 16 летни пневматици добија позитивни оцени ословени со „добри“, додека останатите имаат 11 „задоволително“ и една најслаба оцена „доволно“. На овој тест е нагласено дека се бараат балансирани пневматици, поточно производи кои покажуваат исклучителни резултати во сите области од тестот: управливост на суво, управливост на мокро, ниска бучавост, мала потрошувачка на гориво и ниско ниво на абење. Во случајот на Ultrac Vorti, нагласена е позитивната страна на сува подлога, но без ниту една слабост во другите категории.

    За овој тест е нагласено дека резултатите не важат за сите димензии, туку прифатливата разлика е во интервалот од 215/45/17 до 235/45/17 Y. Исто така, во тестот се користени стандардните пневматици, со напомена дека тие не содржат Run-flat опцијата и овие резултати не се применливи во таа категорија.

    Комплетните резултати на тестирањето можете да ги најдете на официјалната страна на ADAC.

6 Item(s)