Loading
075 410 119
Кошничка0продукт(и)

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Сервисниот центар ЕВРОПА ГУМИ постои повеќе од 20 години , основан е 2000 та година со примарна дејност увоз и дистрибуција на гуми за сите видови моторни возила од неколку реномирани брендови..

Најзначајни брендови кои ги застапуваме исто време колку што постоиме се : најголемиот производител на гуми во светот BRIDGESTONE со неговиот втор бренд FIRESTONE, а од пред 10 тина години нивниот асортиман е збогатен со уште еден бренд во сегментот на економични гуми, тоа е DAYTON , гума произведена во некоја од фабриките на BRIDGESTONE во Европа со која добивате најмногу за вложените средства.

Втората компанија со која гордо соработуваме речиси за целото време на постоење е одличниот Холандски производител на гуми од премиум сегмент VREDESTEIN кој од пред неколку години исто така го прошири својот асортиман со вториот бренд APOLLO кој исто така се произведува во фабриките на VREDESTEIN во Холандија и Унгарија.

Зад квалитетот на сите овие производи стојат фабрики и искуство подолго од 100 години, а за секоја монтирана гума нашиот центар издава гаранции за квалитет на производот како и комплетна подршка за целото времетраење на експлоатација на нашите производи.

Освен гумите како основен производ , во нашиот центар може да набавите висикоквалитетни алуминиумски фелни од италијанскиот производител MAK , повеќе видови на моторни масла , акумулатори и други потрошни и резервни делови за Вашето возило.

Основната цел на сервисниот центар ЕВРОПА ГУМИ е да обезбедат брза и квалитетна услуга во доменот на најчестите проблеми на кои може да наиде секој возач.

Повелете, бидете и вие дел од големото друштво задоволни корисници на нашите услуги !