Loading
075 410 119
Кошничка0продукт(и)

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Вулканизерски услуги

Основната дејност во ЕВРОПА ГУМИ веќе 22 години е продажба и сервисирање на гуми и тркала за сите видови возила.

Балансирање на тркало

На тркалото како и на сите други тела кои се вртат, дејствува центрифугална сила. Доколку тркалото не е избалансирано, се јавува дебаланс кој се манифестира со вибрација на воланот или на целото возило и тоа на брзини поголеми од 70 км/ч. Балансирањето претставува постапка со која се врши урамнотежување на сите маси на тркалото. Тоа се прави со додавање на тегови на точно одредено место на сите четири тркала бидејќи дебалансот од задното тркало се пренесуво до воланот и возилото. Доколку балансирањето не се направи навремено, гумите ќе се трошат побрзо и понерамномерно, ќе страдаат лежиштата (лагерите), амортизерите, и другите елементи од подвозјето. Затоа гумите се балансираат при секое вадење и ставање повторно на фелна. Во некои случаи вибрацијата се јавува како последица на крива фелна или гума и тоа најчесто се чувствува на помали брзини и потоа постепено се губи. Во нашиот сервис може да се балансираат тркала за сите видови моторни возила со големина на фелна до 22”, како и специфичните ( “слепи’’ ) фелни без средишен отвор.

Вулканизерски услугиМонтажа и демонтажаБалансирањеПумпање со АЗОТЛепење чеп/лепенкаПромена вентил
12"/14" 150 ден 150 ден 150 ден 300 ден 100 ден
15"/16" 200 ден 200 ден 150 ден 300 ден 100 ден
17"/18" 250 ден 250 ден 150 ден 300 ден 100 ден
19"/22" 300 ден 350 ден 150 ден 300 ден 100 ден
Комбе 300 ден 300 ден 150 ден 300 ден 100 ден
без отвор /со фланша 250 ден 300 ден 150 ден 300 ден 100 ден