Доколку не располагате со соодветен простор за чување на сезонските пневматици или не сакате да си создавате обврска да ги транспортирате до сервис секоја сезона, ние ви ја нудиме услугата “ХОТЕЛ ЗА ГУМИ”. Тоа значи дека ние ја превземаме одговорноста за вашите пневматици/фелни од моментот кога ќе ги оставите кај нас до моментот на повторно вградување на вашето возило.
За времето додека се оставени на чување кај нас, пневматиците ќе бидат соодветно складирани, на темно и суво место каде нема присуство на недозволени материи. Врз истите се прави визуелна и физичка проверка на исправноста и тоа еднаш при превземање, и еднаш пред монтирање на возилото. Сите гуми се осигурани од кражба или друг вид на оштетување. Цените за оваа услуга се наоѓаат во нашиот ценовник на услуги.
"Хотел" за гуми | Цена од гума за една сезона |
---|---|
12"-16" | 300 ден |
17"-18" | 350 ден |
19"-22" | 400 ден |
Гуми со фелни | +100 ден |