Loading
075 410 119
Кошничка0продукт(и)

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Центрирање предница

Центрирање трап

Центрирањето претставува усогласување на аглите на тркалата со цел тие да бидат нормални на подлогата (хоризонтала), а истовремено да бидат и меѓусебно паралелни. Целта на ова подесување е зголемувањето на животниот век на гумата, како и подобро држење на правец на автомобилот на рамен пат. Геометријата на тркалата може да биде понекогаш нарушена, што истовремено предизвикува неправилно движење на возилото. Како последица на тоа доаѓа до нерамномерно трошење на гумите, како и занесување на возилото во една насока за време на возењето. Ова воедно се и првите симптоми за неисправен трап. За корекција на оваа аномалија потребно е центрирање на предните тркала, а понекогаш и на сите четири, зависно од конкретната ситуација и типот на возилото.

Со оглед на лошата состојба на нашите патишта, како и лошите навики на возачите за преминување преку тротоари, потребно е периодично да се врши преглед на состојбата на трапот со што се обезбедува сигурно возење и правилно трошење на гумите. Препорака е оваа проверка да се врши еднаш годишно, на 10.000 км или при замена на старите гуми со нови.

Во нашиот сервис центрирањето се врши на најновиот уред за геометрија на Италијанскиот производител RAVAGLIOLI а цената на оваа услуга може да ја проверите во нашиот ценовник на услуги.

Центрирање Проверка на трап Центрирањепреден трап Центрирање заден трап
Патнички возила 300 ден 1200 ден 800 ден
4X4 / SUV / Комби 400 ден 1500 ден 800 ден